Kомерцијална банка прва воведе електронска банкарска гаранција

Bez autora
Jan 05 2012

Kомерцијална банка е прва од банките во Македонија која се приклучи кон проектот за одобрување на гаранциите за лицитација во електронска форма и завчера почна со издавање на овој вид гаранции. Од банката објаснуваат дека целокупниот процес се одвива електронски, по пат на е-пошта, во која како прилог се доставуваат гаранциите, барањата за активирање како и известувањата за ослободување, дигитално потпишани. Kлучна придобивка од овој сервис е модернизацијата и поедноставувањето на постапките за издавање на гаранциите за учество на тендер од страна на Банката и воедно заштеда на трошоците и времето за издавање на гаранциите, а за компаниите - клиенти на банката им се нуди едноставна можност и погодност да добијат уште една услуга во електронска форма, со зголемена сигурност за набавувачите во поглед на доверливоста, а од друга страна на истите тие клиенти кои се понудувачи на одреден тендер им се олеснува начинот на поднесување на понудата.

Kомерцијална банка прва воведе електронска банкарска гаранцијаKомерцијална банка е прва од банките во Македонија која се приклучи кон проектот за одобрување на гаранциите за лицитација во електронска форма и завчера почна со издавање на овој вид гаранции.

Од банката објаснуваат дека целокупниот процес се одвива електронски, по пат на е-пошта, во која како прилог се доставуваат гаранциите, барањата за активирање како и известувањата за ослободување, дигитално потпишани.

Kлучна придобивка од овој сервис е модернизацијата и поедноставувањето на постапките за издавање на гаранциите за учество на тендер од страна на Банката и воедно заштеда на трошоците и времето за издавање на гаранциите, а за компаниите - клиенти на банката им се нуди едноставна можност и погодност да добијат уште една услуга во електронска форма, со зголемена сигурност за набавувачите во поглед на доверливоста, а од друга страна на истите тие клиенти кои се понудувачи на одреден тендер им се олеснува начинот на поднесување на понудата.

Проектот „Издавање банкарска гаранција во електронска форма“ е новина која се воведува во работењето на деловните банки во Македонија, поддржан од страна на УСАИД, е-влада при Министерството за информатичко општество и администрација и Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии.

Единствен исклучок од ваквиот начин на поднесување на понудата претставува банкарската гаранција, која до овој момент исклучиво се поднесуваше на хартија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik